Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.
Во петок студено време со снег
Во среда и четврток ветровито и значително потопло со облачност. Максималната температура на повеќето места во среда од 9 до 12 °C, а во четврток од 13 до 20 °C,
Ќе дува умерен и засилен јужен и југозападен ветер.
Во петок нагло заладување со преминување на дожд во снег и создавање помала снежна покривка. Ќе почне да дува засилен северен и северозападен ветер.
За викендот ќе биде студено со делумно разведрување, но краткотраен снег се очекува само во сабота во ридско-планинските предели. Во сабота кон крајот на денот ќе слабе северозападниот ветер, а во недела повторно ќе се заврти во јужен правец.
На почетокот на наредната недела умерена облачност и пораст на температурата заедно со снег.
Информациите за очекуваните метеоролошки услови треба да се продолжат. Не преземајте непотребни ризици.
