Сигурни сме дека веќе сте слушнале обвинувања дека сунѓер за садови е веројатно највалканата работа што ја имате во куќата и дека собира повеќе бактерии отколку WC шоља.




Затоа се препорачува да се менува еднаш неделно, но Journal of Environment Health, неодамна објави истражување во кое вели дека кујнскиот сунѓер сепак може да трае и до три недели, доколку се одржува правилно.




Имено, сунѓерот може да се дезинфицира полесно отколку што сте замислувале. Сè што ви треба е вода, неколку капки сок од лимон и микробранова печка.




Навлажнете го сунѓерчето, исцедете неколку капки лимон врз него и ставете го во микробранова печка.




Ставете 90 секунди на највисока температура и овој потег ќе ја намали контаминацијата на бактериите за дури 99,99 проценти!
