Беки Ален, 23-годишна мајка од Ливерпул, роди идентична тројка за веројатност од 1: 200 милиони – синови Роко, Роман и Рохан.

Самата информација дека Беки носела тројки беше голем шок за неа, а откако дојде резултатот од ДНК тестот и потврди дека се работи за идентични момчиња, на нејзината среќа и немаше крај.

И покрај тоа што сите шпекулираат дека децата се зачнати со вештачко оплодување, Беки тврди дека сè било природно и затоа шансата вакво нешто да се случи е една од 200 милиони.

Сепак, новопечената мајка тврди дека нема проблем да ги препознае, иако се исти.

Кога беа новороденчиња, беше тешко, но никогаш не ги мешав. Сите имаат бенки на веѓите и додека Романов е малку потемен од другите, Рохан има и еден на ногата, па така се сеќавам на нив. Лекарите се воодушевија кога видоа дека се идентични и ми рекоа за неверојатната шанса тоа да се случи – вели Беки.

Таа се породи со царски рез, а пред тројките роди ќерка Индијана.

– Рохан е најгласен, секогаш нешто вика. Роко, од друга страна, е целосно опуштен, но знае како да се забавува, додека Роман е себичен и не сака да сподели. Тие секогаш одат по истите играчки и се обидуваат да дојдат до нив пред нивните браќа. Индијана ги сака и воопшто не е jeубоморна, иако мислам дека ќе и биде тешко да порасне со тројца браќа – рече таа.

Овие три момци трошат 130 пелени неделно заедно со четири кутии салфетки, додека нивната млечна формула трае околу два дена, а машината за перење работи непрекинато.