Во времето кога повеќето од нас пораснавме, некои работи кои беа сосема нормални за нас, како деца, но и за нашите родители, денес се недозволиви, дури и причина за реакција на социјалната служба. Од друга страна, почитта кон родителите и почитувањето на авторитетот што им припаѓа, беа некои од првите лекции што ги научивме.

Денес, изгледа, е сосема поинаку, па постапките на другите родители и нивните деца можат да не изненадат и изнервираат. Поранешната телевизиска новинарка Мирјана Хрга од Хрватска неодамна реши да сподели слична сцена на која присуствувала на својот Фејсбук профил.

„19.30. Како дете во тоа време го добивав последниот бакнеж од мајка ми и татко ми.

Вечерва. 19.30 часот. Локал во населбата, затнат, полн со луѓе во пријатни разговори.

Една млада, модерна жена седи покрај скалите. Наспроти неа, маж мрзеливо натопува кесичка со филтер чај.

Две мали деца, целосно „полудени“, со страшен крик и квичење го претвораат локалот во детско игралиште. Да те оглуват.

Не се тие виновни. Таа не трепна.

Пуши.

Без никакво внимание или чувство на пристојност кон луѓето околу неа.

Ѝ се може. Страдаат сите што се нервираат од нејзините безобразни деца.

Во ова време на „политичка коректност“ е страшно да се каже некому: „Жено, биди мајка“, напиша Хрга на Фејсбук.

Во коментарите нејзините следбеници веднаш се согласија дека одговорноста за ваквото однесување не е на децата, туку дека не ги научиле на ништо подобро, пренесува „Индекс“.

Дали сте биле сведоци на слични сцени?