Вчера сфатив колку хроничните болни премираат од страв, кога е јасно дека ковидот кај нас е вон секаква контрола. Пред пошта. Вработена во поштата, млада жена, излегла надвор на цигара и еден сака да ја праша нешто, отвора уста, се закашлува. Се корне од кашлање.
Оваа вработената брзо ја враќа маската преку цигара. Пишти и пцуе. Астматичар сум стоко! Џукело! Човеков ја, смирува и објаснува дека му залетнала плуканица ко сакал да ја праша нешто. Оваа се тресе, побледе и падна у несвест. Ја освестивме брзо.
Пак почна да пцуе. Овојпат по оние кои и велат дека мора да доаѓа на работа. Вели имам две мали деца кој ќе ги гледа ако завршам на Респиратори и и отпатува во еден правец.
Стварно. .. Зошто тие луѓе мораат да 2
одат на работа, да се мешаат со други луѓе, во автобуси, продавници каде многу не носат маски или ги носат под носот ко класични идиоти.
Зошто бе ти Пресветол Филипче не ги ослободиш од работа? Зошто бе чоек?
Тие и така не мислат на работата, туку само на тоа како да преживеат. Не се продуктивни. Ослободи ги луѓето. Покажете хуманост. Не е се во тендери и рекет на фирми.

