Почитувани читателии ви пренесуваме ФБ статус од Теодора:

Здраво на сите, би сакала да споделам една информација која можеби ќе ви биде корисна, а до сега не сум видела да е јавно објавена.

Доколку купувате Клексан или некои други одобрени лекови во аптека, побарајте сметкопотврда и фискална сметка за лековите. Со тие сметки можете да поднесете во Фонд за здравство за враќање на паричните средства што се потрошени за лековите. Иако износот што го добивате назад не е 100% од потрошениот, сепак можеби ќе помогне некому.

Оваа информација би требало да ја споделуваат матичните лекари, но повеќето прележани со кои што разговарав прв пат слушаа за ова.

Како и да е, ви посакувам секое добро!

Поздрав.
ФОТО-Илустрација