УЕФА официјално отвори истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, поради инцидент што се случи на натпреварот на неговиот тим со Северна Македонија, известува Спорт Клуб.

Австрија ја победи Северна Македонија со 3: 1, а по натпреварот најмногу се зборуваше за „конфликтот“ помеѓу Арнаутовиќ и Езџан Алиоски.

„Во согласност со членот 31 (4) од дисциплинската регулатива на УЕФА, назначен е етички и дисциплински инспектор за да го испита инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ за време на натпреварот на Европското првенство помеѓу Австрија и Северна Македонија“, се вели во соопштението од УЕФА.

Арнаутовиќ постигна гол во 89-та минута, по што на национална основа го навредил македонскиот репрезентативец Алиоски.

Реагираше Фудбалската Федерација на Макеодонија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побара официјално од УЕФА најстрого да го казни австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради инцидентот што го предизвика во финишот на вчерашниот натпревар против македонскиот национелен состав во Букурешт во рамки на Европското првенство.

Арнаутовиќ со својот гол во 89. минута стави печат на триумфот на Австрија од 3:1 по што беше снимен од една од камерите крај теренот како со погрдни зборови се обраќа кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, додека капитенот Давид Алаба се обидуваше да го замолчи својот соиграч цврсто притискајќи го со десната рака во пределот на образите.

ФФМ соопшти дека „најостро го осудува националистичкиот испад“ на Арнаутовиќ, упатен кон Алиоски.

– Воедно информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ. Како „Куќа на фудбалот“ секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат., се наведува во соопштението на ФФМ.

Toj упати и извинување споделено на социјалната мрежа Инстаграм, посебно како што вели до македонските и албанските пријатели од Северна Македонија.