Мајката на момчето не знаела дека нејзиниот син се обидел да и ги даде парите на наставничката, а дознала дури кога ја забележала пораката и парите во чантата.




Момче од Флорида, кое е трето одделение во основно училиште, на својата учителка и понудил пари што го добил за роденден затоа што мисли дека наставниците не се доволно платени за тоа што го работат.




Паркер Вилијамс (9) однел 15 долари на училиште и ги дал парите на наставничката со порака: „Драга г-ѓа Чемберс, мислам дека наставниците не се доволно платени за тоа што го работат, дали сакате да го прифатите овој подарок?




Наставничката на Паркер, Мери Хол Чемберс, изјавила дека прво помислила дека тоа се пари за патување, а кога прочитала порака што ѝ ја напишал еден ученик, му рекла дека тоа е „најслаткото нешто“ што некогаш го видела.




„Паркер, ова е толку убав гест. Не можам да ти ги земам парите, но ценам што се грижиш за мене“, му одговорила таа на момчето.




Мајката на момчето Џен не знаела дека нејзиниот син се обидел да и ги даде парите на наставничката, а дознала дури кога ја забележала пораката и парите во чантата.
„Го прашавме син ми што е ова, а кога сфатив почнав да плачам“, рекла мајката.




Нејзиниот син признал колку ја сака својата учителка и открил зошто го направил тоа.




„Ја сакам мојата учителка и сакав да и вратам за сè. Наставниците не се доволно платени“, вели момчето.




Неговата мајка додаде дека г-ѓа Чемберс често им праќа мејлови со предлози за тоа како Паркер може да напредува и да се пофали за она што го правел добро на училиште.




„Тоа е работа од 24 часа на ден, седум дена во неделата, а според платите се на дното на скалата. Тие не се доволно наградени за нивните напори да развијат генерација деца кои еден ден ќе станат независни луѓе“, додаде таа.




Вилијамс, исто така, откри дека нејзиниот син моментално ги апсорбира информациите „како сунѓер“, а бидејќи неговата баба е училишен советник, таа вели дека веројатно така открил дека платите на наставниците се ниски.




Многу сум горда на моите деца“, изјави мајката Џен.

