Од почетокот на глобалната пандемија имаше разни решенија за задолжително носење на маските, а некои брзо се проширија на интернетот.
Една фотографија од човек од Хрватска е доказ дека луѓето и понатаму бараат креативни замени. Објавата на мажот кој на маската има дупка, предизвикала многу реакции, откако била споделена на Фејсбук страницата „Дневна доза просечен Далматинец“.
Реакциите биле поделени – додека едни го осудуваат, други го поддржуваат.
„Не, вирусе!“, пишува покрај фотографијата која има повеќе од 2.000 лајкови.
„Баш ме насмеа, а и неговата фаца… Сè е регуларно“, „Овој е 100% луд“, „Па, човекот носи маска, ги почитува мерките“, биле дел од коментарите на социјалните мрежи.
