Паркче си меле на најјако, а вие затварајте теретани и кафичи со тераси на отворено 😊

Воопшто не ги окривувам луѓето, поготово не младите. Ваљда не мислевте дека со полициски од 20ч и затварање на локалите луѓето ќе седат по дома на 20+ степени?

Луѓето се веќе збеснати, изморени, осиромашени, деморализирани, разочарњни, осиромашени и психички попуштени, и што е најсериозно се осеќаат оставени сами на себе и не веруваат на ниту една вест што е нормално по 100 лажни ветувања.

Едноставно преку глава им е од се што се случува. Ги жалам здравствените работници кои душата им ја извадивте, велам извадивте, бидејќи ниту една мерка не ви донесе плод, а сето тоа паѓа врз нивниот грб не врз вашиот каде бутата бифтеци во фотељите.

Тоа што било ок ( а не се десило тоа ) било чиста среќа и верувам ќе се сложите со мене дека мерки се превземаат за да не се рашири пандемија и да се спречи благовремено, а не откако ќе земе замав нели 😊 Господ напомош, друго не гледам дека постои кога е во прашање државна заштита.
#КластерПарк 10.04.2021. Утре бетер јер недела 🤷‍♂️🦠