Узерли е роден на 12 август 1983 година и израснат во Касел , Западна Германија во семејството на Хусеин од Турција и Урсула, актерка од Германија.

Таа има двајца постари браќа и една постара сестра, Канан, која е џез-музичар. Нејзината прабаба е од Хрватска.

Поради националноста на нејзиниот татко, таа има и турско-германско државјанство.

Таа го имаше своето актерско деби со помали делови во германските продукции. Подоцна имала мали настапи во телевизиските серии Notruf Hafenkante (2010) и Ein Fall für zwei (2010). Узерли е позната и по нејзините улоги во германски филмови како Патување без враќање (2010) и Jetzt aber Ballett(2010).

На крајот на 2010 година, Мерал Океј ја избра за нејзината прва главна улога во турската ТВ серија Muhteşem Yüzyıl (2011–2013). Покрај актерската кариера, Узерли се има појавено во многу рекламни филмови и е заштитно лице на бројни брендови. Во 2012 година, таа беше избрана за жена на годината од GQ Турција .

Поради улогата на Хурем Султан, таа има освоено 23 награди и стана една од најпознатите актерки во Турција.

Турската актерка која кај нас се прослави со улогата Хурем во серијата „Величенствениот“, Мејрем Узерли лесто го менува својот изглед.

Мејрем денеска е сосема поинаква, доказ е и оваа фоторафија на која се гледа нејзиниот нов имиџ.