Млада тинејџерка од САД успеа да се појави и на националните медиуми во државата, откако еден ден од училиште била вратена назад во својот дом, затоа што нејзината облека не била прикладна за таа институција.

Нејзиниот татко бил толку лут што снимал видео кое за брз период станал вистински хит.

„Ќерка ми отиде на училиште денес среќна, полна со самодоверба и подготвена да научи, и се врати дома во солзи. Професорката ја прозвала пред целиот клас и ја посрамотила, а тоа не би требало да се случува во 2021 година”, рекол тој.

Набрзо се појавиле и ТВ камери пред училиштето.

Нејзините соученици и дале поддршка со протест.

Потоа дури започнале и да го копираат нејзиниот стил.

Карис Вилсон носела бела ролка и над неа црн фустан до колена што професорот го потсетувал на ноќница поради чипката на рабовите, што, како што рекла професорката може да биде збунувачко.