Автопатот низ Србија од Белград па се до границата со Хрватска е целосно под снежна покривка и изгледа вака, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој од вечерва најавува вистинска зима со снег и температури до -10.

-Студот допрва доаѓа на Балканот, а вечерва пристигнува и во Македонија!

Извртени возила, камиони, луѓе излезени од автомобилите, ова е денешната глетка од автопатот кој од Белград води кон Хрватска.

-Од утре ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.

Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.

Пред нас е значително постуден период и вистинска зима, а уште поголемо заладување очкуваме од сабота, пишува Славчо Попоски.