Често се објавуваат несекојдневни ситуации од плажите во Грција, а оваа посебно ги насмеа и инспирираше многумина. Коментарите се редеа еден по еден: „Ја ова ќе го применам годинава на одмор.“
Главниот јунак на снимката е турист кој на мошне необичен начин решил да нанесе крема за сончање на грбот. Наместо да бара некој да му помогне, тој се снајде сам – користеше валјак за кречење! Со него рамномерно ја распредели кремата по непристапните делови од телото и така се заштити од сончевите зраци.
„Види се со какво предзнаење се оди на море“, коментираа корисници на Инстаграм. „Ова е корисно, треба да се патентира ваков специјален валјак за грб.“
Многумина веднаш заклучија дека туристот сигурно е од Балканот – „Кажи ми дека си Балканец без да ми кажеш дека си Балканец“.
Со трикот избегна да бара помош и самостојно се снајде. На социјалните мрежи следеа коментари: „Паметно“, „Го разбирам човекот целосно“, „Генијално“, „Профи“.
Прашањето што остана е – дали би пробале и вие вакво решение или имате свое, подеднакво необично, но ефективно?

