Најмалку 40 тела се исфрлени од Ганг на брегот во пограничната зона на државите Бихар и Утар Прадеш во северна Индија, соопштија властите.




Не е јасно како човечките тела стигнале до бреговите на Ганг, но извештаите на локалните медиуми сугерираат дека тие можеби биле жртви на „ковида-19“.
Некои медиуми јавуваат дека биле пронајдени дури 100 тела и дека состојбата во која се пронајдени сугерира дека тие биле во реката неколку дена.




„Постои можност овие тела да потекнуваат од Утар Прадеш“, изјави за Би-Би-Си локалниот службеник Ашок Кумар по разговорите со локалното население, додавајќи дека сите тела ќе бидат погребани или кремирани.
Официјални лица изјавија дека телата изгледале „надуени и делумно изгорени“ и можеби завршиле во реката по незавршени кремирања покрај реката Ганг во Утар Прадеш, најнаселена држава во Индија, се вели во извештајот на индискиот новински канал НДТВ.




Вториот бран на епидемија на вирусот корона ја разорува Индија, која стана епицентар на глобална пандемија.
Смртноста значително се зголеми во последните неколку недели, оставајќи ги крематориумите без простор да ги примат останките на сите жртви на инфекцијата.
Dead bodies found floating near the ghats of Ganga river in Bihar's Buxar district. NDTV's Manish Kumar reports
(Disclaimer: Visuals might be disturbing) pic.twitter.com/GOGzxUMhxp
— NDTV (@ndtv) May 10, 2021
