Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и условите за регионот.

На прашањето зошто е дозволен влезот на државјаните на Русија, а не и на Србија, бидејќи е слична епидемиолошката ситуација во двете земји, коментирајќи ја изјавата на украинскиот конзул за тоа што на државјаните на Украина не им е дозволен влез во Црна Гора, Бегиќ одговорил:

„Украина поради подобрената ситуација ќе се најде на ажурираната листа. Инситутот направи методологија која е слична на онаа од Европската комисија. Еден од клучните параметри е бројот на активни случаи на 100.000 жители, а другиот е движењето на бројот на заболени, односно долгорочни трендови. Предлог за вкулучвање на Русија на зелената листа дојде од Оперативниот штаб за туризам и Министерството за туризам. Кога се работи за регионот, многу сериозно размислуваме на понатамошните чекори во однос на ажурирањето на листата.