Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов побара од актуелната градоначалничка на главниот град Данела Арсовска да поднесе оставка и во мај, заедно со парламентарните и претседателските, да има локални избори на ниво на Град Скопје.
„Нашето Скопје сериозно се наоѓа во процес на целосна девастација. Почитувана Арсовска, заминете си !!! Поднесете оставка !!!
Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).
Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме“, напиша Шилегов на Фејсбук.
Тој дополни дека мотивот не му е да дојде повторно до функција, туку тоа го прави поради ситуацијата во која што се најде Скопје.
