Колку што паметните телефони ни нудат повеќе работи, истовремено тие трошат повеќе електрична енергија, што подразбира и пократко траење на нивната батерија.
Батеријата на мобилните телефони не може да „преживее“ цели 24 часа, и покрај убедувањата на произведувачите дека може да трае и по неколку денови.
Можеби некогаш се случува тоа, доколку на самиот мобилен телефон исклучиме некои опции кои што црпат најмногу енергија од нашите телефони.
Ова се тие опции:
Екран Екранот троши повеќе енергија од било која друга компонента на паметните телефони. Колку што екранот е поголем, тој троши поголема енергија.
Истото се однесува и на резолуцијата на екранот, затоа што поголемата резолуција троши повеќе енергија од батеријата на телефонот. На електричната енергија исто така влијае и осветлувањето на екранот.
Безжична поврзаност Сигналот за телефонската врска, мобилниот интернет, WiFi, Блутут, GPS – се некои од најчестите опции за безжична поврзаност кои што паметните телефони речиси секогаш ги користат, барем една од нив.

Секоја од нив посебно претставува значајно оптеретување за батеријата, па потребно е да ги исклучувате кога ги користите. Тоа особено се однесува на Блутут и GPS.
Активни апликации Апликациите кои што користат GPS, камера, пренос на големи количини на податоци и постојано вклучениот екран, ставени се меѓу најголемите потрошувачи на батеријата.
Во списокот на „најштетни“ апликации за батеријата се игрите, затоа што тие го оптеретуваат процесорот и графичкиот чип, вештачката интелигенција, екранот и звучникот.
