Историско покачување за наставниот кадар

Наставниците во Македонија од март наредната година ќе добијат покачување на платите од 7,5 до 10 проценти, во зависност од пресметките. Ова го најави министерката за образование Весна Јаневска на брифинг со новинарите.

Според неа, станува збор за процес кој долго време бил најавуван, но никогаш целосно реализиран – сè до сега.

 „Го направивме она што со години не успеваше“

Министерката истакна дека зголемувањето е силен мотив за наставниците и директно влијае врз квалитетот на образованието.

„Тоа е мотив за наставниците. Тоа што досега не е успеано да се направи, ние го направивме. Дополнителен мотив е и кариерното напредување. Горда сум на резултатите, кои се нотирани и во извештајот на Европската комисија“, изјави Јаневска.

 Две матури – два различни пристапи

Покрај платите, Јаневска најави и две форми на матура што ќе се спроведуваат годинава:

  • Стручна матура – прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот што учениците реално го изучуваат

  • Државна матура – концептот останува ист, со прашања како и досега

Нова можност за учениците од стручните училишта

Како дополнителна новина, учениците од средните стручни училишта ќе можат да полагаат државна матура, доколку не планираат да продолжат на факултет во струката за која се школувале.