Ќе му се обратам јавно на Милорад Стојмановски, кој уште зема плата во некои редакции како спортски новинар, место да собира некаде пајажини. Уште носи леб дома од лешинарење, пишува безлични текстови без да провери официјални извештаи од институции, жигосува починати луѓе и не мисли на болката на родителите и живите.




Јас тагувам Милораде, како блиска личност на починатиот ракометар Марко, ама јас не сум глупа, башка имам војничка дисциплина кога имам фокус. Војник сум, бре, будало – нема предавање!
И уште ќе се бавам со тебе, ова е малку.




Си го испуштил тоа како дел од мојот карактер, како важна моја карактерна црта. Затоа сега ќе го ,,јадеш” вака јавно, мрснику, ниеден!




Ќе се обратам јас на оваа прашинкава, затоа што родителите и блиските роднини на младиот, прерано починатиот ракометар Марко Божиновски, кој вчера го закопавме – не се во состојба, а сигурно нема да се бават со мрсников, кој напишал коментар со измислени инсинуации за двајцата прерано починати ракометари – Никола од Охрид и Марко.
Се повикува на трачеви, на жути штампи, на ситни луѓе кои нешто му пренеле, дочуле-недочуле, а ништо од тоа не е точно.




Невидена некрофолија, страст за пиење крв, се замислува мрсников дека добил улога на Катрин Денев во ,,Глад за крв”. Ќе станува славен преку мртви деца.




Старлето, имате ли, бе, таму во таа ваша редакција уредници, да те редактираат пред да те пуштат во етер, пошто ти беше и остана чирак – уште учиш и на 60 години? Колку ги прочитале овие твои бљувотини – 2.000 луѓе? Браво!
И, што? Што постигна? Те викнаа во Холивуд? Што ти рекоа – ,,брао Мишел, значи, пер, вака треба. Кариера се гради врз умрени”.




Зрел си за тужба. Верувај, мрсник! Фрлаш во етер парчиња месо од починати деца. Имаш критични делови од твојот коментар, кој очито никој не ти го прегледал за да ти каже – ,,чекај, бе, човек, има етички кодекс, го прекршуваш, нормален ли си?”.
Со што ти ќе се браниш утре на суд, а го немаш извештајот? Или сметаш на тоа дека распарчени родители на милион делови – нема да те тужат? Второто ќе да е. Ах, бе, мрсник!




Чуј, Милораде…јас и ти работевме заедно во ,,Дневник” и точно знаеме дека ти никогаш немаше никаква кариера, никогаш не достигна величина на новинар и живуркаше во ќош задоволувајќи ја суетата со разни пакости ради твои пријателски релации.
Еве ти прашање.




Дали ми повлече текст од страна за еден бизнисмен од Кисела Вода (чиј син сега е општински челник) кој градеше небезбедно, пред околу 10 години, во 4 попладне, пред печатење? Без објаснување.
Луѓе ме прашуваат – има ли овој деца? Не знам што да им кажам Милораде, им велам – има. Не сум ти била дома, не знам дали си нормален за да кажам повеќе.
Од друга страна, тој што има деца, не значи и дека има родителски сензибилитет, човечност, морал, хуманост… Капиш?




Моја препорака до тебе. Да си ги собереш парталите од секоја редакција и да почнеш дома да носиш леб чесно. Вака – не.
Кога ќе почине млад човек, треба да зачепиш, Милораде! Нормален ли си да инсинуираш со трачеви?




Господ, од некоја нам непозната причина, си ги зема понекогаш – најмладите, најубавите и најдобрите покрај него. Како и Тоше.
Па, и дедо Боже, бе, Милораде не сака да е опкружен со битанги покрај него!




П.С: Многу ми е жал што постојано имаше проблем со лигаменти, па одеше на штаки пречесто. Добро сеа, земаше плата за неработа, ама па и ти си душа која мора да јаде нешто.
Не те жалам, мрсник, цинична сум.
Не заборавам!
Сметај, го издигна на лично ниво со дада ти Јоци.
