Жените во текот на животот се соочуваат со бројни предизвици, но грижата за себе често не е приоритет. Многу повеќе внимание посветуваат на семејството, работата и секојдневните обврски отколку на сопственото здравје и благосостојба. Таквиот начин на живот, според пишувањата на порталот YourTango, може негативно да влијае на општата состојба на организмот и дури да придонесе за забрзано стареење.

Подолу се наведени најчестите фактори што можат да го забрзаат процесот на стареење кај жените.


1. Занемарување на хидратацијата

Водата е основен и најважен пијалак за организмот, но многу жени во текот на денот забораваат да внесуваат доволно течности. Дехидратацијата не влијае само на внатрешните функции, туку се одразува и на изгледот на кожата и на целокупното стареење.

Истражување објавено во списанието eBioMedicine покажало дека недоволната хидратација може да биде поврзана со забрзано биолошко стареење, при што лицата кои не пијат доволно вода често изгледаат постари од својата возраст.


2. Премногу одговорности

Многу жени носат голем товар од семејни и животни обврски, често со чувство дека сè зависи од нив. Таквиот образец води кон постојано преоптоварување.

Психолошките причини за ова често се поврзани со детството и раното преземање одговорност, а хроничниот стрес што произлегува од тоа може да придонесе за побрзо биолошко стареење.


3. Хроничен стрес

Постојаната изложеност на стрес е еден од најштетните фактори за организмот. Долготрајната напнатост може да предизвика воспалителни процеси, поврзани со побрзо стареење и зголемен ризик од болести.

Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес директно влијае на клеточното стареење и општото здравје.


4. Занемарување на физичката активност

Редовното движење е клучно за здравјето. Дури и умерена активност, како прошетка или истегнување, има позитивен ефект.

Недостатокот на физичка активност води до губење на мускулна маса и еластичност на кожата.


5. Лоша исхрана

Прекумерното консумирање преработена и слатка храна негативно влијае на кожата и организмот. Лошата исхрана може да го забрза стареењето и да ги наруши когнитивните функции.


6. Проблеми со сонот

Недостатокот на квалитетен сон доведува до замор, подочници и исцрпеност. Истражувањата покажуваат дека лошиот сон може да го забрза биолошкото стареење.


7. Занемарување на грижата за себе

Грижата за себе не мора да значи луксуз – може да биде и мал секојдневен ритуал. Недостатокот на време за себе води до емоционална и физичка исцрпеност.


8. Склонист кон гнев

Честа емоционална напнатост и гнев може негативно да влијаат на организмот. Истражувањата покажуваат дека хроничниот гнев го забрзува стареењето.


9. Прекумерно изложување на сонце

UV зраците ја оштетуваат кожата, го разградуваат колагенот и предизвикуваат брчки и дамки.


10. Преголема грижа за другите

Жените често ги ставаат потребите на другите пред своите, што води до занемарување на сопственото здравје.

Балансот помеѓу грижата за другите и за себе е клучен за виталност.


Заклучок

Забрзаното стареење не е резултат на еден фактор, туку комбинација од навики, стрес и недостиг на грижа за себе. Малите промени – подобар сон, здрава исхрана и повеќе време за себе – можат значително да влијаат на здравјето и изгледот на долг рок.