Сафије Пехливан е 106 годишна Турчинка, која во својот долг живот била сведок на две пандемии, ги повика луѓето да ги почитуваат превентивните мерки за заштита препорачани од надлежните органи.

Пехливан е родена во грчко погранично село и со семејството се преселила во Турција во 1956 година.

Старата жена води здрав живот и сè уште спие добро од раните вечерни часови до првите зраци на утринското сонце.

Избегнува преработена храна, а за долговечност препорачува да се избегнува непотребен стрес.

Во интервју за Анадолија таа раскажала дека ја преживеала пандемијата на маларија во Грција во раните 1950-ти кога голем број луѓе починаа, вклучувајќи и двајца членови на нејзиното потесно семејство.

-Луѓето треба да се придржуваат до заштитните мерки што им се воведени. Најмногу ми е жал за лекарите и здравствените работници чија борба против болеста не може да се доплати, таа е од непроценлива вредност – рече Пехливан.

Маларијата е заразна болест која се пренесува преку комарци и според Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, таа е потенцијално смртоносна.

Високата телесна температура и треската се главни симптоми на маларија, исто како и во случај на инфекција со КОВИД-19 предизвикана од коронавирусот што се појави во Вухан, Кина кон крајот на 2019 година и досега предизвика смрт на голем број луѓе ширум светот.