Ова е за сите што се стремат кон среќен живот, но никако не успеваат да го достигнат тој идеал. Тибетските правила можат да ви помогнат во тоа.
Тибетанците се луѓе кои научиле да бидат задоволни со малку, но пред сè се луѓе што цврсто стојат на земја. Нивните правила за среќен живот се едноставни, реални и затоа делуваат:
• Ако нешто ти се допаѓа – кажи го.
• Ако нешто не ти се допаѓа – кажи го.
• Ако ти недостига некој – јави му се.
• Ако нешто не ти е јасно – прашај.
• Ако сакаш да запознаеш некого – покани го.
• Ако нешто сакаш – побарај го.
• Никогаш не се расправај без причина.
• Ако сакаш да те разберат – објасни.
• Ако си виновен – признај веднаш и не барај изговори.
• Секогаш запомни дека секој има своја вистина и таа често не се совпаѓа со твојата.
• Не се дружи со лоши луѓе.
• Најважната работа во животот е љубовта, сè друго е суета.
• Проблемите најчесто постојат во човековата глава.
• Светот околу тебе не е ниту добар ниту лош – нему не му е важно кој си.
• Обиди се да уживаш во секој настан и секој ден.
• Запомни дека немаш втор живот.
• Не биди досаден.
• Не заборавај дека никому ништо не должиш.
• Исто така, никој ништо не ти должи тебе.
• Не штеди време и пари за да го запознаеш светот.
• Во животот најмногу потпирај се на себе.
• Верувај им на своите чувства.
• Кога си нерасположен, помисли на луѓето кои го немаат она што ти го земаш здраво за готово.
• Живеј денес, затоа што вчера поминало, а утре можеби нема да дојде.
• Запомни – денес е најдобриот ден што го имаш.
