Дознајте кои се најлошите намирници за имунитетот!

Начинот на живот и навиките во исхраната имаат огромно влијание врз способноста на имунолошкиот систем да се бори со воспаление.

„Редовното консумирање овошје, зеленчук, цели зрна, протеини со малку маснотии, јаткасти плодови и семки ќе го одржува непреченото функционирање на имунолошкиот систем. Спротивно на тоа, лошите навики во исхраната можат да го поткопаат здравјето“, вели американската нутриционистка Марги Зајдел.

Најздравиот зеленчук за имунитет

Според докторката, постојат голем број на храна и пијалоци со ниска хранлива вредност кои можат да го загрозат имунолошкиот систем и неговата способност да ве заштити од болести, а таа наведе три кои се најлоши:
Слатки газирани пијалоци

Засладените газирани пијалоци не содржат ништо друго освен празни калории од шеќер. Покрај дебелината и хроничните болести, кои се поврзани со ослабен имунитет, вишокот шеќер може да го зголеми воспалението и да ја загрози способноста на телото да се бори против болестите.
Алкохол

Постојат многу причини зошто треба да се откажете од алкохолот, а слабеењето на имунитетот е една од нив. Прекумерното консумирање на овие пијалоци може да ве направи поподложни на пневмонија и други белодробни заболувања, да го забави зараснувањето на раните и закрепнувањето од болеста.

Готови полупроизводи

Замрзнатата храна не е најдобриот избор доколку работите на подобрување на вашиот имунитет! Тие се богати со натриум, шеќер, заситени масти и рафинирани јаглехидрати, а имаат малку хранливи материи и влакна.

Само цела, необработена храна го зајакнува имунитетот!