Почна сезоната на производство и продажба на млад кромид, и тоа е одлична можност за сите да го зајакнат својот имунитет и здравје со конзумирање на овој зеленчук.
И додека многумина главно го јадат долниот дел од пролетен кромид, вистинската витаминска бомба всушност се крие во зелениот дел. Зелениот дел од пролетен кромид никогаш не треба да се фрла бидејќи содржи состојки кои се одлични за нашето здравје.




Еве најмалку пет причини зошто пролетниот кромид е добро да се јаде секој ден:
Младиот кромид го штити срцето – полн е со антиоксиданти кои ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од формирање на тромби.




Младиот кромид е добар за видот – штити од воспаление и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето кои немаат овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневните потреби за витамин А.
Младиот кромид ги зајакнува коските – витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20% од препорачаната доза на витамин К и околу 2% витамин Ц. Двата се важни со коскена густина и јачина. Недостаток на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.




Младиот кромид го намалува холестеролот – особено неговиот зелен дел, кој некои луѓе го фрлаат и би било подобро да го јадат. Покрај тоа што ја намалува концентрацијата на лош холестерол во крвта, тој помага и во регулирање на нивото на шеќер.
За поубава кожа – му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и тонирана кожа. Колагенот е одговорен за забавување на формирањето на брчки на лицето и се наоѓа во многу креми.
