Мистериозна дупка длабока 5 метри се отвори во паркот Ронан во Бостон.
Со цел да се открие зошто се случило ова, локалните власти ангажирале тим на археолози да го истражат теренот.
Од инспекцијата се утврдило дека се работи за бунар, кој некогаш се користел во куќата на извесна Мери Пирс.
“Бостон е стар град и крие голем број на мистерии. Беше интересно да се видат остатоците од стариот имот во Дорчестер во овој парк. За среќа, овие бунари не се честа појава”, вели археологот Џо Беџли.
