Невообичаена сцена од запросување го обиколи светот се случи на Универзитетот во Лахоре. Заљубена студентка не можејќи да чека да биде запросена, таа клекна пред своето момче и тоа пред преполн универзитетски двор. Секако одговорот беше „да“.

Сепак, она што се случи потоа го шокираше целиот свет – деканот на факултетот, во договор со стручниот комитет, ги избркал и двајцата студенти од Универзитетот во Лахоре!

Во соопштението се наведува дека овој чин е во спротивност со вообичаеното однесување на студентите на факултетот и дека бил прекршен кодот и дека двајцата биле вклучени во грубо однесување кон правилата на Универзитетот.

Ова беше остро осудено, пред сè од Пакистанците, а потоа и од другтеи луѓе во светот.

„Ова е скандал. Тие шират љубов, а не омраза како вас“,„ Срам да ви е, во кој век сè уште живеете?“, „Наместо да се гордеете со студентите, вие ги бркате“ се дел од коментарите…