Израел им дозволи на своите ваkцинирани граѓани враќање во теретани, ресторани и на концерти. Животот полека се враќа во нормала, а глетките на млади луѓе како џускаат во кафулиња го докажуваат ова.

Попуштањето на мерките во Израел следеше бидејќи бројот на новозаболени од ковид-19 се намали, а повеќе од четири милиони луѓе ги примија двете дози на Фајзер.

Израелското министерство за здравје го разгледува предлогот за укинување на правилото за носење на маска на отворено.

Израелските официјални лица имаат за цел да ги имунизираат сите возрасни, а на своите граѓани кои и понатаму се двоумат и не го сториле тоа, им нудат дури и бесплатни пијалоци и оброци.

На твитер се појави и видео снимка од кафуле во Тел Авив во кое седат, пијат, џускаат и се забавувата ваkцинирани млади Израелци. Судејќи според коментарите, оваа снимка ги охрабри луѓето од различни делови на светот и им покажа дека низ текот на времето се ќе се врати во нормала.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: