Еден млад човек (27) почина во Уругвај од последиците на вирусот корона, седум дена откако ги покажа првите симптоми на болеста. Младиот човек е една од 11-те жртви кои ги загубија своите животи на 19 март, а најстрашно од се е што упорно одбиваше да признае постоење на вирусот и тврдеше дека станува збор за обичен грип.

Според локалните медиуми, младиот човек со денови покажувал симптоми на ковид, но тој упорно одбивал помош. Тој дури и потпиша дека не сака да биде тестиран за вирусот корона.

Официјални лица за медиумите потврдија дека младиот човек кој бил со вишок килограми, свесно одбил медицинска помош.

Тој, како и многу луѓе, не веруваше во вирусот корона. Тој веруваше дека станува збор за грип, минлива болест што не треба да се игнорира. Сè започна со него како кивање, но тој одби да биде тестиран, дури и потпиша дека не сака да се тестира, соопштија властите.

Тие исто така наведуваат дека семејството на младиот човек секогаш тврдело дека „политичарите ја измислиле короната“.

Имаше симптоми околу една недела, но дури и кога состојбата почна да се влошува, тој секогаш велеше дека не сака лекарска помош, објаснуваат надлежните.

Наводно, по неколку дена, загриженото семејство успеало да го убеди да направи ПЦР-тест и пристигнал позитивен резултат. Иако наскоро бил примен во болница, тој не бил спасен.

Девојката на починатиот млад човек исто така била заразена, но исто како и нејзиниот партнер, таа одбила да добие медицинска помош. Во неделата нејзината состојба драстично се влоши и итно беше примена во болницата во Минас.

Постојат луѓе кои го негираат постоењето на болеста. Состојбата во целата покраина е загрижувачка. Лекарите велат дека на интензивна нега има се помалку слободни кревети, велат надлежните.

Во изминатите неколку дена полицијата ги интензивираше контролите и ги санкционираше младите кои свесно ги кршат мерките. Сепак, тие имаат големи проблеми. Веднаш штом ќе го растераат собирот на една улица, добиваат извештај дека младите се собрале на друг дел од градот./Vocentar.com