Ерика Кигле (31) која се омажила за својот поранешен свекор, кој е 30 години постар од неа, тврди дека и покрај разликата ја нашла својата сродна душа. Сегашниот сопруг Џеф го запознала кога имала 16, се дружела со неговата поќерка, а потоа била и во врска со неговиот посинок Џастин кој и бил прв сопруг.




После неколку години кога почнале да им се распаѓаат браковите, еден во друг нашле утеха. Ерика на почетокот не сакала да ги повреди блиските лица, но Џеф во 2017 и ја признал љубовта и тогаш решиле да си дадат шанса.




Сега се во брак и ја имаат двегодишната ќерка Брексли. Благослов добиле и од поранешните сопружници.




– Звуќчи скандалозно, но не можевме да ја криеме љубовта. И покрај се, нашата врска сега е совршена. Џеф има млада душа, додека мојата е стара. Се смее кога го кажувам тоа, но се е како што треба сега. Мојот поранешен маж џастин е полн со разбирање и во добри односи сме. Нема омраза меѓу нас, зборуваме за нашиот син и продолживме со животите вели Ерика.




Џеф, пак, додал дека едноставно си одговараат еден на друг.
– Брзо се зближивме и многу си одговараме, рекол Џеф.
