Бројките на новозаболени од Sars-Cov-2, низ цела Европа, зачудувачки и стрмоглаво паѓаат.

Тоа е прекрасна вест, која умните влади и организирани држави ќе ја искористат за брза и масовна имунизација на своите жители, со што ќе го зададат решавачкиот удар на пандемијата.

Сите други наесен повторно ќе станат ендемски жаришта, каде ќе има малку смеа а премногу солзи.

Ајде сите заедно да помогнеме октомври да е месец на насмеани лица, на ученици во училишните клупи, студенти во студентските домови, отворени театри, кина во цела Македонија.