Драгана Катиќ важи за една од најпопуалрните, но и најшармантните водителки во регионот.

Освен тоа што може да се пофали за долгогодишна кариера, за неа како да застанало времето.

По паузата поради коронавирусот, водителката Драгана Катиќ им се врати на професионалните ангажмани, односно снимање на емисиите „Никогаш не е доцна“ и „Хало, Хало“. Драгана ретко зборува за нејзиниот љубовен живот, но, сепак, сега откри дека е во емотивна врска, но името на партнерот го крие.

– Јас сум во врска. Отсекогаш ми било важно да бидам независна и да имам свое парче слобода, без оглед дали имам партнер или не. Тоа може да оди заедно, знам од искуство, рече водителката.

-Мојот избор порано беа постарите мажи, но сега кога достигнав повеќе години тие постарите се престари за мене, имаше изјавено за Стори.

Во 2018 година беше во врска со 10 години помлад бизнисмен, а по неколку месеци таа стави крај на врската. Честопати истакнува дека ја привлекуваат помлади мажи, па можеби и овој пат ќе изненади со слична вест.

Српската водителка Драгана Катиќ (54), позната по емисијата „Никад није касно“ поминала низ тежок животен период. Партнерот ја оставил кога била бремена со близнаците Бобан и Бојан кои сега имаат дваесет и една година.

Водителката која ретко зборува за својот приватен живот, за белградски „Блиц“ ја раскажала оваа приказна. Денес, таа е насмеана и ведра како на малите екрани, така и во приватниот живот.

„Тој си замина кога бев бремена. Едноставно, бевме две индивидуи кои со години се познаваа, беа во некоја врска, се обидоа да живеат заедно, и сфатија дека тоа не оди.

Всушност, одлучив себеси да не се малтретирам. Тоа беше крај и со тоа расчистив. Таква сум , секогаш гледам да си угодам, и на дневно ниво и во животот генерално. Потоа тој, од разни оправдани причини не можеше многу да учествува во воспитувањето на синовите. Сега имаат коректен однос“, раскажа Драгана.

Таа додава дека откако партнерот ја оставил не сакала да потоне во тага и побарала помош од психијатар.

„Ми беше тешко и побарав помош од психијатар. Мислам дека тоа е сосема во ред. Тие проблеми не успеав сама да ги решам, затоа постои стручно лице кое ми помогна да го совладам она што ме мачеше“, раскажала водителката.

Пред неколку дена водителката Драгана Катиќ доживеа несреќа додека го снимаше шоуто „Никогаш не е доцна“ и се доби повреди на телото.

Кога Драгана почна да се симнува од големата сцена, таа се сопна и падна, и го искриви зглобот, за подоцна да и се создаде хематон на коленото.

Тогаш Драгана покажа колку е професионална, бидејќи и покрај повредите, се врати на сцената во високи потпетици и продолжи со работната задача како ништо да не се случило.

– Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Тие мислат дека сè е сјај и гламур и не знаат колку треба да поминат луѓето што работат на шоуто за да го добијат финалниот производ – изјави Драгана.

За среќа, таа се чувствува добро, иако повредите сè уште се видливи.

– Сè уште ме болат раката и ногата, но добро. Кога паднав, во рок од една секунда, еден млад снимател притрча кон мене, ме праша дали ме боли и веднаш отиде по мраз. Ми ја масираше ногата и направи да се чувствувам подобро. Прекрасно воспитано и добро дете – рече Катиќ.