За Александар Горгиевски од Штип само едно големо браво, вака ќе го започнеме овој текст. Овој млад човек повторно на дело, а не само на тестатура како многу други, ја покажа својата хуманост.

Поранешниот пожарникар кој е познат по своите хумани потези во градот под Исарот, неодамна преку својот профил на фејсбук сподели апел за помош на една своја сограѓанка.

Не само што сподели, туку тој реши и конкретно да помогне, па организираше акција со помош на хумани компании и луѓе да да го реновира домот на Елена Манасиева која е со три малолетни деца. На 11 јануари Александар ја започна хуманата акција и тогаш напиша:

-Да ви каже бате Аце нешто посебно на тие позади грб што ме оговарате и како мажи со женски хормони само блеете и за друго ништо не ве бива

Нов кров, Нови врати и џамови, Нова фасада, Ново ве-це, Дрва за цела сезона, Телевизор нов, Маса нова, Улазна врата нова, Креветче за детето ново, решавање на проблемот со влагата.

Комплетно средено внатре и надвор се што им е потребно од храна лекарства облека ќе имаат, тоа ви го гарантирам со живот на сите а вие само продолжете си да оговарате и ширете дезинформации, хранете ги вашите злобни души и мака си немајте.

Георгиевски редовно на својот профил на фејсбук објавува како се одвиваат градежните работи, од ден за ден, а во еден свој пост напиша:

-Кога ке заврши сè, на крај сите што помагате и фирми и граѓани, буквално сите сте гордост на оваа држава Македонија и ќе бидете соодветно од моја страна преставени на јавноста за сите водам евиденција за секој што пружил помош на било кој начин иако многу од вас бараат анонимност ова треба да се знае.

Оти ве има хуманитарци многу и горд сум што ве има овде ке дадеме пример за сите дека ако се сака се можи се само сака посветеност и срце у душа РЕСПЕКТ народе мој Македонски РЕСПЕКТ. Се ближи комплетирањето на градежните работи, а Александар вчера повторно се огласи и порача:

-Сакам да ве поздравам сите вас што оговаравте позади грб кога почна оваа хуманитарна акција и да ви порачам јавно мали сте бре маженца со женски хормони мали за бате Аце у секој поглед зад мене има дела зад вас празни зборови СРЦКИ.

Како и што го започнавме овој текст, така и ќе го завршиме. Со длабок наклон пред се до Аце кој го организираше сето ова, но и сите луѓе кои се вклучени во оваа хуманитарна акција.

Искрено се надеваме дека овој потег на Аце ќе го следат и многу други и ќе излезат во пресрет на луѓе на кои им е потребна помош.