Заминаа нашите Македонски рисови во Романија лавовски да се борат. Верувам за сите нас што навиваме за нив и од сѐ срце ги бодриме. Но останаа отворени прашања.




Кој може да навива за Македонската репрезентација, а кој не? Кој го има монополот врз патриотизмот и правото да ги сака своите, а кому му е забрането? Кој некому забранува да навива за фудбалерите, а од дно на душата ги мрази претставниците на Евровизија? Нели истата држава со истото ново име ја претставуваат?




За жал оној кој не знае колку минути се игра фудбалски натрпревар, еве веќе си зема право да кажува кој смее да гледа и да навива за своите.




А Ти Господи не ни замерувај. Нит сме знаеле, нит знаеме што правиме, ние кои за гостоприлив народ се кажуваме а на братот око му вадиме.




Ти си рекол дека по љубовта кон Тебе ќе нѐ познаат дека твои сме. А по злобата и извадените очи меѓусебно дека Македонци сме за жал ќе ме познае светот.




Но, не ни замерај. Навистина не знаеме што правиме и што си правиме.
Помеѓу куршумот и карминот почнавме да живееме, како што меѓу омразата и љубовта се живее за жал.





