Сузана Турунџиева повторно сподели нови заеднички моменти од дружењето со Атиџе Муратова
„Медена земја“ можеби не и ја донесе финансиската сигурност што главната протагонистка Атиџе Муратова ја очекуваше, но и донесе нови пријатели и познаници, кои се трудат да и помогнат.




Едно такво пријателство со познатата водителка и пејачка Сузана Турунџиева и Атиџе не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.




Атиџе Муратова, главниот лик од документарецот „Медена земја“, се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.




Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.




Овој пат Сузана се огласи на ФБ каде што со Атиџее се во студио за убавина и се спремаат за нивниот нов спот ви го пренесуваме нејзиниот ФБ статус…
