Нека не ве заплашуваат со вакви наслови. Ова само значи дека даваат отпор дека треба дупло да ве платат во недела, бидејќи не се толку глупи да отпуштаат, затоа што така ќе се повеќе во загуба.




Имаше времиња кога не се работеше ни во сабота, па произвоството и економијата беа далеку подобри од сега. Ова е класично заплашување на најугнетената категотија на луѓе во 21 век – работниците.




Особено на Балканот. Капитализмот впрочем на тоа и се заснова – на заплашување на послабите од страна на богатите во чии што раце е капиталот.




Капитализмот функционира по пат на казни на работничката класа, место по пат на награди. Наградите секогаш одат кај богатите.




Но не заборавајте: тие се богати затоа што ние, со нашата работна сила им го правиме богатството. Нашата работна сила и време ги продаваме за одредена сума на пари наречена плата и најчесто евтино се продаваме.




Работникот секаде во светот зема плата доволна за да живее, но недоволна за да биде независен од тие кои го плаќаат и системот со намера е така скроен. А темелите на капитализмот се поставени уште при крајот на феудализмот.




Едно време пролетаријатот се освести дека главната алатка за богатење на газдите сме ние работниците и работниците ја сфатија својата моќ, но кратко траеше.




Модерното робовладетелство се врати во форма на капитализам, а ние ја живееме последната форма на капитализмот – неолиберализам. Затоа не се плашете од вакви наслови.




Се знае дека секој портал работи за тие што го плаќаат, а не за работничката, сиромашна класа.
