Поранешната пејачка Ноне Неделковска деновиве се врати на работна позиција и крстосувањето го продолжи од Куба, за која земја многупати има кажано дека е нејзино незаборавно искуство.

„Под кокосите“ е последната фотографија на црвенокосата Велешанка со која грее во овие студени зимски денови во Македонија.

Коста Маја, Мексико е моментална дестинација каде ужива велешанката која остана запомнета по својата музичка кариера, а работата на брод дефинитивно ја исполнува.

Преку социјалните мрежи, Ноне постојано ги документира своите патувања и ги разубава деновите на многумина од егзотичните дестинации на кои престојува.

Од година во година е сѐ поуспешна во нејзината работа, а скоро и непостои земја која ја нема посетено./Z.Magazin