Данијела Мартиновиќ одржа голем концерт за Денот на жената, а на концертот присуствуваа многу личности, меѓу кои и Томаж Кавчиќ, пријателот на Данијела, а кум на Петар Грашо и Хана Хуљиќ.




Данијела Мартиновиќ приреди вистински спектакл за 8 март, а дека се беше совршено говори и фактот што сите билети беа распродадени за нејзиниот концерт.




Атмосферата беше одлична, но пејачката во еден момент ја обземаа емоциите, па заплака на сцената додека изведуваше песна за која е особено приврзана.




Имено, таа не можеше да ги задржи солзите кога почна да ја пее песната „Јednu za ljubav“. Текстот на оваа песна го напиша Петар Грашо за неа, во 2015 година.




Стиховите кои ја расплакаа Данијела Мартиновиќ:
Да потсетиме, Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо беа во врска 24 години, а тој неодамна реши да стави точка на нивната врска и набрзо се ожени со младата Хана Хуљиќ со која го очекува нивното прво дете. Нивниот свадбен кум бил Томаж Кавчиќ, познат готвач, кој е и многу добар пријател со Данијела, а за ова во една прилика искоментира:




„Останувам пријател со него и со неа“, рече тој.
Видеото погледнете го ТУКА
извор:GLOSSY
