Иако идеалите за убавина, кои вклучуваат тело без влакна, им се наметнуваат на жените со години, многу познати личности, меѓу кои и ќерката на Мадона, Лурд, „негуваат“ влакна на различни делови од телото.

Според тоа, повеќето жени денес полека излегуваат од својата комфорна зона и јавно кажуваат како изгледа нивното тело со влакна, што е природна работа.

Една од нив е манекенката Ејми, која одлучила да не користи жилет до понатамошно известување, кога станува збор за бикини зоната.

Таа на својот TikTok профил редовно прикачува клипови на кои гордо позира во бикини, но наместо совршена линија, фокусот е на нејзината „грмушка“.

„Значи, ако влакната не требаше да бидат таму, тие воопшто немаше да растат на нашите тела“, рече Ејми.

Инспирирани од нејзиниот став, многу жени ја пофалија манекенката дека е самоуверена. Исто така, имаше и мажи кои се согласија дека влакната воопшто не мора да биде гадна.

„Мислам дека е кул и убаво, искрено“, „Влакната се симпатични, не знам што е проблемот“, „Ми се допаѓа кога мојата девојка изгледа природно“. Повеќе и се восхитувам!“,„Не треба да се срамите, само оставете ги да пораснат“,„Нема ништо лошо во бричењето, нема ништо лошо во нивно чување. Што и да сакате да направите е вистинскиот избор за вас“, беа само дел од коментарите под нејзините видеа.

Од друга страна, многумина се прашуваа дали таа некогаш се избричила “и како „ја негува грмушката“.

Манекенката откри дека ги шампонира, но и ги одржува срамните влакна додека не станат меки и нежни, како и фактот дека повремено ја бричи и обликува фризурата, во зависност од приликата.