




Во Македонија денеска и утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на високите планини со снег, а само пред пладне во јужните делови ќе биде претежно суво.




Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Престанок на врнежите во вечерните часови. Најниската температура од -1 до 7, а највисоката од 12 до 15 степени.




Во четврток пред пладне умерено до целосно облачно, во централните, јужните и југоисточните делови повремено со слаб дожд, на планините со слаб снег.




Најниската температура од 0 до 4, а највисоката од 8 до 12 степени.
