Пејачката Весна Џогани објави слика на Инстаграм од нејзините помлади денови, поточно, кога била тинејџерка.

Таа на своите следбеници мистериозно им го постави прашањето „Која е оваа девојка“, започнувајќи анкета.

Пејачката сподели неколку од најинтересните одговори во приказната на Инстаграм, како и оној дека станува збор за Шемса Суљаковиќ, на што пејачката се смееше од дното на срцето.

„Тоа сум јас летото 94. Не личам на себе воопшто“, кратко прокоментира Весна .

Детското лице и долгата, кафеава коса ја прават Весна скоро да не личи на себе денес, но пејачката има препознатлива, уникатна насмевка на оваа слика од тинејџерските денови.