Во последно време често слушаме како жените велат дека нивните сопрузи ги игнорираат. Како може жената да најде мир кога е отфрлена од мажот што го сака?

Собравме многу пораки од жени. Тешко се читаат и се дел од неволјите низ кои минуваат. Во последно време многу жени се жалат дека нивните сопрузи ги игнорираат. Многу е тешко да се прочита колку тие се чувствуваат безвредни. Затоа сакам да ги ставам сите овие мажи во една линија и да му викнам на секој од нив:

„Остави го телевизорот вклучен за секунда и внимавај на својата сопруга“.

Тоа, се разбира, не може да се случи. Но, преку оваа плоча виртуелно можам да им викам и да им се обратам.

Жените само сакаат нивните сопрузи да поминуваат време со нив. Сакаат да знаат што треба да прават бидејќи ситуацијата е таква што се чувствуваат депресивно и како воопшто да не им се важни на своите сопрузи. Тие се чувствуваат како да не им е грижа.

Поминав многу време размислувајќи да ја решам таа тешка ситуација бидејќи знам дека мора да постои. Како можеме да го спречиме таквото однесување?

1. Разбивање на маѓепсаниот круг

Ова е често многу суров круг: мажот ја игнорира жената, таа е фрустрирана и почнува да се жали на тоа, после тоа мажот уште повеќе се дистанцира, а жената почнува да тоне во депресија и емотивно да се затвора. Бракот тогаш трпи, сопружниците се оддалечуваат и се појавуваат други, поголеми проблеми.

Овој ужасен маѓепсан круг едноставно треба да заврши пред да се појави огорченост и сопружниците да се оддалечат еден од друг. Во совршен свет, сопругите ќе се разбудат и ќе почнат да се однесуваат кон своите сопруги со почит и внимание.

Тие би биле многу позитивно изненадени доколку ги откријат вистинските плодови на вистинската интимност и би продолжиле да ја продлабочуваат бидејќи таа дава прекрасни плодови. Но, вистината е дека тоа нема да им се случи на повеќето мажи. Верувам дека овој маѓепсан круг може да се прекине со следниот чекор. Сопругата мора да се спротивстави на желбата да стане огорчена и мора да го сврти своето внимание кон Спасителот.

2. Најдете ја вашата вистинска вредност

Како може жената да најде мир кога е отфрлена од мажот што го сака? Таа треба секојдневно да ги носи своите грижи кај Христа бидејќи Тој се грижи за неа и има добри намери кон неа и кон нејзиниот брак. Кога жената ќе ја насочи целата своја енергија на својот сопруг и ќе се обиде да најде исполнување во него, тогаш таа ќе биде разочарана.

Се разбира, бракот треба да донесе задоволство, но тој не може да функционира како форма на спасение. Ништо што ние на оваа земја можеме да го почувствуваме не може да не исполни и да не направи цели. Повеќето земни работи ни даваат увид на она што ќе го имаме на небото.

Уживајте во благословите на бракот, но кога ви се чини дека ги нема и кога се чувствувате осамено, погледнете подалеку од сето тоа – погледнете на место каде што ќе најдете целосно задоволство.

Автор: Мишел Линдзи; Превод: Ида У .; Извор: Faithit.com