Од сите приказни и легенди за христијанските светци и маченици, оваа е една од најтрогателните.




Македонската православна црква и верниците денеска го слават денот на сеќавањето на светите маченици Адријан и Наталија, млада брачна двојка која живеела и пострадала за Исус во IV век.
Адријан и Наталија биле маж и жена , од благородничко и богато семејство од Никомидија . Адријан бил главен претор и незнабош, а Наталија била тајна христијанка. Легендата вели дека немало поубав и похармоничен пар во цела Никомедија и дека нивната љубов била позната надалеку. Меѓутоа, Адријан и Наталија живееле во брак само тринаесет месеци до нивното мачеништво.




Кога царот Максимијан ја посетил Никомидија, наредил општо прогонство на христијаните. Во него учествувал и Адријан, чија задача била да ги наведува имињата на оние кои биле мачени и на крајот убиени.
Адријан ги гледаше овие луѓе – мачени, мирни и кротки, тивко поднесувајќи ги нивните страдања. Под тоа влијание, тој почнал да им зборува за Бога и самиот верувал во царството небесно и во учењата на Исус. Затоа кога дојде време за нов попис рече да се стави и неговото име на списокот.




После тоа веднаш бил окован и фрлен во затвор со други христијани. Кога слушна за ова, Наталија беше многу среќна и веднаш отиде да му открие на Адријан дека и таа цело време била христијанка.
Наталија останала покрај својот сопруг до последен момент и кога Адријан бил претепан и измачуван, го поттикнала да истрае до крај. Тој чесно умре со другите христијани непоколеблив во својата вера.




После тоа, Наталија ги пренесе нивните мошти во Цариград и таму чесно ги погреба. Кога оваа нејзина мисија била извршена, според легендата, свети Адријан ѝ се јавил на сон и ја повикал да му се придружи, по што и таа го издишала последниот здив.
Неразделни и во животот и во смртта, свети Адријан и Наталија денес се сметаат за заштитници и на љубовниците и на брачната среќа. Се верува дека сопружниците денес треба да запалат свеќа за нив во црквата и да ги молат овие зборови:




– Твоите маченици, Господи, во своите маки примија непропадлив венец, од Тебе Боже наш, зашто со Твоја помош ги победија мачители и ја уништија немоќната дрскост на демоните: Спаси ги нашите души со нивните молитви.
