Последниве години актуелна е темата „да се оди во Германија или друга развиена земја, за подобар живот“.




Додека едни заговараат заминување без разлика на се’, други тоа го оспоруваат и тврдат дека никаде не е подобро од земјата во која си роден и каде си израснал.
Вистина е дека нашите граѓани во Германија немаат доволно пари, но и да живеат многу пристојно и опуштено, не размислувајќи дали ќе имаат доволно пари за кирија, храна и облека. Оние кои работат, заработуваат помеѓу 1.500 и 4.000 евра месечно, најчесто изнајмуваат стан, знаат германски. И најчесто немаат намера да се вратат во Македонија.




Исто така е познато дека Балканците се сметаат за добро интегрирани граѓани на Германија. Нивните деца редовно одат на училиште, не живеат од социјална помош, секое дете добива детски додаток од 300 евра месечно …




Треба да се има предвид дека трошоците во таа земја се доста високи, поточно во согласност со приходите.
Најголем дел од заработката оди за изнајмување стан, бидејќи чини од 500 до 1.300 евра месечно, или повеќе од 1.500 евра доколку одлучат да изнајмат куќа.




Поради таквите цени, многу Maкедонци, но и Срби и Босанци првично изнајмуваат станови заедно со своите колеги или престојуваат на места обезбедени од нивните работодавачи, а подоцна, кога се прилагодуваат, бараат некои поповолни услови.




Најчесто, нашите, а овде мислам и на Србите, Босанците, Хрварите…, изнајмуваат станови во предградието, бидејќи цените за изнајмување во централниот дел на градот се двојно повисоки.




Тие главно работат во помали компании во областа на угостителството и производството, но и во здравството, металната индустрија, градежништвото, земјоделството, услугите за чистење…
Како изгледа животот на печалба раскажува една девојка која минатата година заминала во Германија во потрага по подобар живот.




-Отидов да работам во една болница близу Диселдорф и задоволна сум. Платата ми е 2000 евра. Имам доста слободно време, а некогаш и премногу. Тукушто добив седум слободни денови.
Работната седмица е 40 часа исто како кај нас. Условите за работа се одлични, исто така и платата. Се’ е платено – ноќните смени, празниците, боледувањата. Единствено, ако си подолго од четири седмици на боледување добиваш 80% од платата, но добиваш и финансиска помош за лекови и нега, ако си тешко болен.




Цените се слични како кај нас. Бремените жени примаат полна плата во текот на трудничкото боледување и имаат право на три години отсуство после раѓањето на своето дете.
Што се однесува до животот, цените во продавница речиси се исти како кај нас, нешто е малку поскапо, нешто поевтино. Комуналиите се поскапи, но и тоа зависи од локацијата. Колку станот е поблиску до големите градови, толку се поскапи сметките.




Стан од 50 квадрати го плаќам 490 евра, а тука влегуваат сите сметки освен струјата која чини 50 евра месечно. Во текот на годината ако потрошам помалку ќе ја вратат претплатата.“
Дали е подобро да се отиде или да се остане – знаат само оние што заминале и го искусиле тоа, но едно е сигурно: и едната и другата опција носат многу добри но и лоши работи…




Дефинитивно „Германските евра“ од една страна животот го прават поубав, но… животот без семејната куќа, дворот, улиците, градот, родителите, фамилијата, пријателите…. го прават многу тажен и празен…
