Целата мудрост на светот во само една приказна

Кога бев многу мал, еден пријател на татко ми, многу строг и многу интелигентен психијатар, ме праша што ќе учам.

Јас одговорив дека ќе се запишам на Филозофски факултет. И тој мудар човек тогаш ми рече:

„ Знаеш, јас сум Евреин . И ќе ти кажам зошто секое момче Евреин мора да знае да свири на виолина. Се разбира, добро е што знае и да свири на пијано, виолончело или харфа… Се е тоа прекрасно, но кога започнува војната, прогонството, протерувањето од земјата, момчето ја зема виолината, ја става под мишка и бега… И тој паѓа и станува и бега и бега со него во рака…

И тогаш, во добри времиња, кога ќе застане некаде и ќе свири на својата виолина – има парче леб за него.

Значи: пијаното, харфата и сите тие гломазни инструменти се прекрасни. Професијата е прекрасна, но виолината ќе ве нахрани. Каде и да одите, што и да ви се случи.

Затоа, слушај ме: освен образование, мора да имаш и занает. Практична вештина. Твојата виолина. Не мора маестрално да свириш на таа виолина, најдобро… доволно за да може да те одржи кога ќе дојдат тешки времиња, а тие ќе дојдат…“