Боксот беше неговиот живот! На 16 години почнал да го тренира овој спорт во БК „Пула“, а по само три години ја освоил титулата шампион на Југославија во полутешка категорија.




Тогаш започнува блескавата кариера на овој ас. Првиот голем успех на меѓународната сцена го постигна во 1969 година, кога во Букурешт стана вицешампион на Европа . Две години подоцна во Мадрид го освои златниот медал , а во 1973 година во Белград ја одбрани титулата најдобар Европеец во полутешка категорија.




На Олимписките игри во Минхен во 1972 година, Парлов го освои златото во незаборавното финале против Кубанецот Кариљо. Во овој спектакуларен натпревар и двата ривали завршија на паркетот. Мечот беше прекинат во втората рунда кога Кубанецот беше соборен по четврти пат.




Доминацијата во полутешка категорија Парлов ја потврди во Хавана во 1974 година, кога ја освои титулата светски аматерски шампион во полутешка категорија. По завршувањето на аматерската кариера остави белег меѓу професионалците. Во ист стил продолжи и на 10 јули 1976 година во незаборавен меч на „Маракана“ го победи Италијанецот Доменико Адинолфи и ја освои титулата професионален шампион на Европа во полутешка категорија, во верзијата на Светската Боксерски совет (ВБЦ).




Две години подоцна, Парлов стана светски шампион , победувајќи го Аргентинецот Мигел Анхел Куељо со нокаут во 9. рунда.
Парлов остана запаметен како еден од најдобрите југословенски спортисти на 20 век.
Осум пати беше шампион на Југославија, пет пати шампион на Балканот, два пати светски првак и еднаш европски првак, а на Олимписките игри во Минхен во 1972 година освои златен медал.




Како аматер, Парлов имал 310 борби, од кои само 13 биле изгубени . Во професионалната кариера на 29 натпревари забележа 24 победи, три порази и две нерешени.
Југоносталгичарите често истакнуваат дека во поранешната држава имало двајца мажи со кои никој не смеел да се плетка… Едниот бил Тито, а другиот Мате!




Мажите му се восхитуваа, го имитираа, а жените воздивнуваа по него.
Тој беше најдобар во светот. На врвот на кариерата беше непобедлив, а оние кои се занимаваа со боречки вештини знаеја дека нема да издржи ниту секунда со шампионот. Имаше и такви кои го провоцираа и од кои насмеано ја вртеше главата.




„ Никогаш не беше агресивен, иако беже жесток. Не се тепав уште од основно училиште, ниту имав проблеми надвор од рингот. Не ги ни барав! Имаше секакви искомплексирани момци. Сакаа да се докажуваат на човек кој освоил некои титули . Но, јас го избегнав тоа. Ќе се свртев настрана или преминувам на друга приказна “, изјави Мате Парлов.




Тој беше вљубеник во поезијата, знаеше на памет стотици народни песни. „ Белград е град кој секогаш ќе го сакам. Таму ја поминав мојата младост “, рече Мате. Парлов почина на 29 јули 2008 година. По тешко и кратко боледување, тој почина на 60-годишна возраст во болница во Пула.
