Секое лето станува актуелна темата за познатиот „патлиџан туризам“, но и не само тоа. Оваа тема е причина за многу сериозни кавги меѓу луѓето од овие простори на социјалните мрежи.
Очекувано и оваа година ништо не е сменето, а лавината сега ја поттикна фотографија на ФБ.
Имено, еден дечко, кој судејќи по името на профилот е од Србија, објави фотографија на која се гледа „краставички во тегла“ на едни „парадајз туристи“ и со тоа предизвика хаос во коментарите на социјалнуте мрежи. На фотографијата се гледа како тегла со краставици држи во рака, со поглед на море.
НЕМА ВЕЌЕ „патлиџан туризам“, напиша таа со емотикони од смеа до солзи.
Не е познато на која плажа е направена фотографијата, ниту кога, но очигледно „акцијата“ се случила во Грција.
„Кога си мал и никаков, а животот ти е неостварен, па ставаш туѓи фотографии само за да сееш омраза. Какви се овие комплекси? Дали се лечат?“ „А смешно е кога некој нема пари, тоа ли?”
