Лежалките биле скапи за туристите во Грција, па затоа однеле кревет на плажа
Многу туристи во оваа сезона се жалат дека цените на лежалките во Грција се многу скапи и дека чинат многу.
Меѓутоа, група млади момчиња од Србија смислиле „креативен“ начин да ја избегнат оваа исплата.
Решиле ни помалку ни повеќе да донесат кревет на плажа!
Овој вонреден чин е објавен на Тикток сметката „Капларевиќ_м“.
На видеото се гледа како носат кревет до плажа, а потоа седат на него и уживаат.
Наводно, снимката е направена во популарното летувалиште Закинтос .
„Добра идеја“, гласи еден од коментарите.
