Сигурно сакате домот да ви биде катче за релаксација, но тешко дека ќе се опуштите ако околу вас владее хаос. Некои ситници во домот создаваат ваков впечаток, дури и ако претходниот ден сте направиле генералка.

Нема потреба да правите огромни промени во домот за да создадете попријатна атмосфера. Понекогаш, наместо да купите нешто ново, подобро е да се ослободите од работите кои непотребно го „задушуваат“ просторот.

Поставувањето премногу рамки со фотографии на исто место секогаш ќе изгледа неуредно.

Материјалите со многу дезени можат да делуваат нападно. Прекривачите, перниците и слично кои имаат само една боја делуваат многу порелаксирачки.

Ако имате премногу перници на креветот во дневната и спалната просторијата ќе изгледа многу натрупано.

Не дозволувајте да се собираат сметки и какви било пратки што стигнуваат по пошта. Најдобро е да ги средувате веднаш откако ќе стигнат.

Закачалките за облека се практични, но ако се на видно место во домот, дефинитивно ќе ја нарушат атмосферата. Плус, обрнувајте внимание на материјалот и чистотата.

Обидете се помошната маса во кујната секогаш да биде средена. Истото важи и за тоалетот – подобро набавете евтини шкафчиња, отколку сè да стои на отворено.

Отворениот гардеробер секогаш ќе ја прави просторијата неуредна.

Обидете се да ги скриете сите кабли во домот, но и уредите како рутер и слично. Со ова веднаш ќе ја освежите просторијата.

Ситните пари и ситниците што ги вадите од џебовите се собираат лесно и создаваат неред. Ако не ви требаат ситните пари, ставете ги во касичка, а кога ќе ги празните џебовите, фрлете ги сите работи што не ви се потребни. Најдете посебна кутија или место за паричник, клучеви и слично.

Тешките и темни завеси можат да ја направат просторијата помрачна. Подобро ставете завеси од полесен и посветол материјал.