Вистинска драма се одвивала вчера попладне на плажата Калитеа.

Четиригодишно дете од Србија за малку ќе се удавеше вчера на плажа на Халкидики, а полицијата по инцидентот го уапсила неговиот татко.

Вистинската драма се случила вчера попладне на плажата Калитеа, во општина Касандра, кога четиригодишното дете од Србија речиси се удавило.

Според наводите на Крајбрежната стража, откако на четиригодишното дете му била укажана прва помош од страна на спасител на плажата, тоа било пренесено со возило на итната помош најнапред во Здравствениот центар Касандра, а потоа во Општата болница на Халкидики за понатамошен лекарски третман.

Полицијата потоа го уапсила таткото на детето.

Не е познато дали детето во моментот на инцидентот било само во водата.

Состојбата на детето засега не е позната.